Тимот на македонските интенационалци Игор Митрески и Славчо Ѓорѓиевски – Тупан со тимот на Нефтчи забележа мининмален триумф над Реван со 1-0. Двајцата одиграа цел натпревар по кој тимот на Нефтчи се искачи на 1-во место, со еден бод предност пред Интер Баку. Стрелец на единствениот гол бесе Флавињо. Георгиевски одигра солиден натпревар, постигна гол кој беше поништен, а потоа имаше и спектакуларно промашување од само две-три метри.


Популарниот Тупан не е во комбинација на селекторот Тошак за пријателскиот меч против Луксембург наредната недела.

В.Б.