В.д директорот на општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“, Никола Тренески, денеска го поништи тендерот за традиционалната екскурзија предвидена во Прага, распишан од претходното раководство.

Како што информира Тренески, претходно склучениот договор не ги исполнувал соодветните услови, а одлуката е потврдена од Училишниот одбор.

Во моментов тече постапката за прибирање понуди за организација на научно-рекреативната екскурзија во странство во учебната 2013/2014 година.
Најповолната понуда ќе биде избрана според низа критериуми меѓу кои најважни се издвојуваат: цената на аранжманот, квалитетот на програмата за организација и водство на екскурзијата, превозот, сместувањето и други поволности што ќе ги понудат туристичките агенции.

Сместувањето на учениците треба да биде во хотел со минимум три свезди, а превозот до спомнатите дестинации да биде со најмалку седум, туристички автобуси од иста класа и ист автопревозник и не постари од десет години.Автобусите треба да се климатизирани и да имаат аудио и видео опрема.

OhridNews