Како што појаснуваат од Министерството за транспорт и врски станува збор за стандардни мали пристаништа, популарно познати како „понтони“ кои се често употребувани во земјите каде има развиена внатрешна пловидба на езерата и реките. Овој вид на мали пристаништа поседуваат голема стабилност и издржуваат удари на бранови до 1 метар, како и висинско поместување на водата со оглед на начинот на сидрење до 9 метри длабочина. Нивната должина во просек изнесува од 10 до 12.5 метри, а широчината 2.4 – 4.0 метри, со височина над водата од 0.5 метри. Истите можат да бидат соодетно осветлени и опремени со мост за приод, гумени одбојници и скала за качување од вода, како и можност за поставување на пумпа за точење на горивo.
Предвидено e vакви пристаништа на Охридското Езеро да се постават на плажите „Љубаништа“, „Магнус“, „Куба Либре“ и „Немо“
-Со оглед на тоа што станува збор за плажи кои е предвидено да бидат предмет на краткотраен закуп, поставувањето на мали пристаништа ќе претставува една од обврските за идните закупци, а огласите за давање на плажите под краткотраен закуп ќе бидат распишани од страна на Министерството за транспорт и врски во јавните гласила во текот на овој месец. На Охридското Езеро, исто така, е предвидено монтирање на едно мало пристаниште во општина Струга, на градската плажа. Со оглед на тоа што општина Струга ги има преземено надлежностите во делот на управување со градежното земјиште, ова ќе му биде препорчано на градоначалникот на општината.-информираат од Министерството за транспорт и врски.
Покрај на Охридското, понтонски мостови ќе бидат поставени и на Преспанското Езеро, Дојранско Езеро и Мавровско Езеро.