Поп-пејачката Ана Станојевиќ од Србија на престижниот фестивал „Охрид фест“ кој се одржа изминатиов викенд се закити со наградата „Најдобрата поп композиција на балкански манир“ за композицијата „Навикла сам да ме лажу“.

Среќна сум што сум наградена, заедно со моите соработници. Благодарам на мојот тим, Хрвој Шепаровиќ, Амир Пушкар и Нинослав Адемовиќ, кои направија извонредна комбинација и вешто ги истакнаа тоновите на хармоника во поп манир, вели Ана.

Станојевиќ ги воодушеви љубителите на музиката, а откако ја обработи песната „Македонско девојче“ во помодерен аранжман, уште еднаш ја покажа љубовта кон Македонија.

Награди кои беа доделени на поп вечерта на „Охрид Фест – Охридски трубадури 2025“ по категории:

  • „Соња“ на Мишко Крстевски и „Ти миришеш на љубав“ на Ангело, претставникот на Словенија се победници на „Охрид фест“.
  • Најслушана песна помеѓу два фестивали: „Лага е“ од Мила Николовска-Ѓумар.
  • Награда за најдобра интерпретација: „Прости ми сега“ од Агни Авшар.
  • Најтрубадурска поп композиција: „Праве љубави“ од Маја Маринковиќ.
  • Награда Сенатор, за најдобра аудио продукција: Студио Тра Ла Ла – Мите Димовски и Давор Јордановски – за песната „Прости ми сега“ од Агни Авшар.
  • Најдобар дебитант: Маша Вуковиќ за песната „Ти си моја љубав“.
  • Најдобар аранжман: Дарко Тасев за „Бело утро“ во изведба на Наталија Данаилова.
  • Најдобар текст: Наталија Преочанин – Самарџиќ за песната „Вера“ во изведба на Наташа Алимпиќ.
  • Награда од новинарите: Блаж Маротов и Златни Жици за песната „Борби на две суети“.
  • Сценски настап: Илија Јовчев за песната „Празник без тебе“.
  • Награда од публика Долни Сарај: Ѓоле Боем за песната „Забуна“.

Меѓу гостите беа српскиот евровизиски претставник Принц и хрватскиот рокер Дадо Топиќ, кој во дует со Ана Петановска ја испеа песната „Небо“, со која во јули победија на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват.

OhridNews