Охридските ракометари со победата на гостувањето во Богданци го продолжија победничкиот танц во втората лига и се искачија на второто место во генералниот пласман.
– Натпреварот во Богданци беше крајно неизвесен до самиот финиш проследен со многу пресверти кој на крајот ние излеговме како победници. Првиот дел го започнавме летаргично во нападот но одбраната не одржа во “живот“. Во вториот дел советите од тренерот Андоновски вродија со плод, заигравме покоцентрирано во нападот, агресивно во одбраната и ситуацијата на теренот се промени и триумфиравме во мечот – истакна Атанас Поп Стефанија.
Ракометарите на Охрид забележаа втор триумф надвор од својот стадион, но во мисла сеуште е оној натпревар со Ринија кој не го дочека крајот.
– Во исчекување сме на одговорот од Комисијата за спроведување на натпревари при РФМ, која треба да одлучи за исходот од натпреварот со Ринија. Ние се надеваме на позитивен расплет во корист на вистината и РК Охрид 2011 и соодветно санкционирање на виновниците за инцидентот – велат од клубот “РК Охрид 2011“.
Охриѓани во наредното 10-то коло на домашен терен ги пречекуваат Лазарови, натреварот се игра в недела во 17:00 часот
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com