Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо.


Заклучно со 17 септември, до 20 часот, попишани се 871.488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови.
Директорот на ДЗС, Апостол Симовски вчера истакна дека очекува заклучно со денешниот ден да бидат попишани милион граѓани.
Како што рече Симовски дневно во просек се попишуваат околу 100.000 лица, а за викенд бројките се нешто подобри.

Државниот завод за статистикa ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.

 

OhridNews