Пописот во Република Македонија треба да се одржи во терминот од 1-ви до 15-ти април 2011 година, затоа што неодржувањето на една ваква сложена статистичка операција ќе го намали во голема мера легитимитетот на државата пред меѓународната заедница, изјави деновиве во Охрид лидерот на ВМРО НП, Марјан Додовски, според кого постојат најразлични обиди од политички партии да го минираат пописот.

-Проблемот е во неспособната на Државната пописна комисија која го маргинализира Државниот завод за статистика, но и Советот за статистика и има многу пропусти во нејзината работа, изјави Додовски.

Според него пописот не треба да се пролонгира, а  Државната пописна комисија имала доволно време да ги изврши неопходните подготовки за спроведување на оваа статистичка операција.

OhridNews