Утре, ќе биде сончево со умерена локална облачност и ретка појава на грмежи, додека пак во недела времето попладне ќе биде променливо облачно и нестабилно, со дожд, грмежи и засилен ветер. Слично време се очекува и на почетокот на идната недела.
Дневната температура во Охрид ќе се движи околу 25 степени, а минималната 10 . Благо опаѓање на температурите се очекува во понеделник кога максималната температура ќе биде 17 степени Целзиусови.