Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со умерена облачност. Попладне и особено на југ ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Индексот на УВ зрачење ќе изнесува 7. Максималната температура во охридскиот регион ќе достигне до 28 степени Целзиусови, информира УХМР.

И утре ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 26 до 31 степен.

OhridNews