Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер, попладнево во 14.19 часот бил почувствуван во Скопје.

Земјотресот бил на 5 километри североисточно од главниот град на длабочина од два километри. Претходно претпладнето бил евидентиран помал потрес во скопското епицентрално подрачје со јачина од 2,3 степени според Рихтер.

Скопје два дена го тресат потреси Најсилниот се случи вчера попладне со јачина од 5,3 степени според Рихтер кој предизвика материјална штети и паника кај населението. Според информациите од надлежните институции околу 300 граѓани зе здобиле со повреди во вчерашниот земјотрес, а пријавени се оштетувања на голем број објекти.

OhridNews