Едно возило и еден прозорец на објектот на Алфа ТВ се оштетени од засега се уште непознат проектил, информираат од овој медиум.

Како што известува Алфа ТВ, инцидентот се случи во 12.45. Вработени слушнале истрел, по што следувал удар во еден прозорец и во едно возило.

Веднаш по настанот пристигнале полициски екипи кои вршат увид на местото.

OhridNews