Временските неприлики беа тешки за охриѓани и за посетителите на Охрид за време на божикните празници, но сепак најтешко му беше на сопственикот на антикварницата и книжарница „Азбук мулти медија “ која беше поплавена.
Имено, во време на бадниковата вечер во зградата „Пешијаре“ на булеварот „Туристичка“ во еден од деловните простори на првиот кат пукнала водоводна цевка и водата навлегла во долните спратови каде е сместена антикварницата и книжарница “Азбук мултимедија” и клубот „Интеракција“.
Според Владо Тренески, претседател на клубот Интеракција кој ги користи просториите на “Азбук мултимедија”, направена е голема штета со оглед дека се уништени бројни антиквитети, документи, книги, музички албуми, лонгплејки, компјутерска техника и раритетни експонати. Вредностат на штетата ја проценуваат истражните органи и вештаци од Основниот суд во Охрид. Според сопственикот таа изнесува повеќе десетици илјади евра.
OhridNews