Централните делови на неколку градови во северниот дел на Херцеговина и централна Босна се целосно поплавени, а најтешка е состојбата во Јабланица, која е целосно изолирана поради поплавите.

Прекинати се патните правци кон Мостар и Сараево. На нивната Фејсбук страница е објавено видео кое покажува дека центарот на градот е претворен во река.
Граѓаните се предупредуваат да не ги напуштаат своите домови, а оние кои можат, да се обратат на надлежните служби за помош.
На патиштата има бројни одрони. Слична ситуација е и во соседниот Коњиц. Центарот на Кисељак во централна Босна исто така е поплавен, а тамошниот градоначалник Младен Мишуриќ Рамљак ова го нарече „потоп од библиски размери“.
Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон со седиште во Мостар го оцени состојбата како критична и ги повика граѓаните да не патуваат кон Коњиц и Јабланица.
Најавите од метеоролозите за нови обилни врнежи предизвикуваат дополнителна загриженост.
OhridNews
фото. МИА
					



							






