Белград денес се опоравува од вчерашното големо невреме кое наместа, за два часа, донесе врнежи од дожд колку за еден месец. Поплавени се улици, градинки, објекти. Како што информираат српските медиуми, најтешка е состојбата на левата обала на Дунав, затоа што во овој дел од градот канализација постои на само 15% од територијата.

Трамваите не возат кон Нов Белград, а голем број градинки денес не работат.

Надлежните информираат дека водата постепено се повлекува.

OhridNews

фото: Курир