Србија се соочува со големи материјални штети по силното невреме што ја зафати земјата. По обилните дождови и поплави, вонредна одбрана од поплави е воведена на целата територија на Србија. Евакуирани се 297 лица, а оштетена е и дел од патната инфраструктура. Вонредна состојба е прогласена во 12 општини, при што меѓу најзагрозените подрачја се Краљево, Книќ, Трстеник, Врњачка бања.

Водостојот на реката Сава ќе биде во пораст, а во следните два дена се очекуваат врнежи со помал интензитет.

Војската на Србија соопшти дека е подготвена веднаш да реагира во случај на повик од Секторот за вонредни ситуации.

OhridNews