Попоски: Ако ни ја дадете довербата, ќе видите еден поинаков општински совет
22.03.13 13:08
„Нашата кампања помина во фер агитирање и презентација на нашата програма. Ние во нашето претставување не ветувавме невозможни работи. Но на сите вас ви ветуваме, ако ни ја дадете довербата, ќе видите еден поинаков општински совет, еден поинаков начин на работа, Совет кој ќе биде преносител и извршител на барањето на граѓаните во општина Охрид. Совет кој ќе го контролира работењето на градоначалникот. Ние ќе го промениме ликот на општинската администрација со начинот на работа.“ – истакна носителот на независната советничка листа, Павел Попоски, на денешната завршна прес-конференција пред претстојните локални избори.
Тој упати апел до сите учесници на изборите, особено до политичките партии, да престанат со меѓусебни обвинувања, навреди и омаловажувања.
„И ние бевме жртви на тие нечесни нивни игри. Нас ни се уништуваа сите рекламни постери, а ноќеска тотално го уништија подвижниот билборд. Бидејќи е последен ден од изборната кампања нема никого да обвинуваме за овој гнасен чин на заплашување и притисок, затоа што не сакаме никому да му наштетиме. Ги замолувам политичките партии овие избори да поминат во фер, коректни и демократски услови. Охрид пред светот да го прикажеме во најсветла точка.“ – истакна Поопски.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од село Ботун, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против 45-год...
По ставањето во функција на системот „Безбеден град“ во Охрид на 12 октомври, граѓаните реагираа на начинот на кој функционираат семафорите на улицата „Железничка“ Возачите укажуваа дека светлосна...
Прекин во водоснабдувањето најавуваат во понедленик, 26 октомври, на целата териотрија на Општина Струга од ЈП „Водовод и канализација“ – Струга Прекинот, велат, ќе биде поради изведување работи за...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.