Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денес во Охрид најави дека до крајот на годинава, Република Македонија ќе отвори почесен конзулат во Република Словачка.
– Со заменик-министерот за надворешни и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчек, минатиот месец во Братислава се согласивме дека пред нашите земји стојат големи можности за уште посеопфатна и уште попродлабочена соработка и дека треба да се стремиме ваквите можности што е можно подобро да ги искористиме. Токму во оваа насока се и чекорите на РМ за отворање на почесен конзулат во Словачка до крајот на оваа година. Убедени сме дека отварањето на почесен конзулат ќе даде дополнителен импулс на билатералната соработка, пред се во економијата и во културата, изјави министерот Попоски.
OhridNews