Шефот на македонската дипломатија денеска ќе престојува во официјална посета на Атина, при што е предвидено да се сретне со својот грчки колега Никос Коѕиас.
Ова е прва посета на македонски министер за надворешни работи на Грција по повеќе од 10 години. Во јули минатата година грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас ја посети Македонија, при што ги претстави мерките за градење доверба.
Се очекува Попоски и неговиот грчки колега да разговараат за мерките за градење доверба, како и за спорот околу името. Не е исклучено дека ќе стане збор и за подобра координација на границата во врска со проблемот со мигрантите.
Во пресрет на состанокот, Попоски во интервју за весникот „Катимерини“ рече дека „е дојдено време за изнаоѓање решение за спорот“, а премиерот Никола Груевски за британскиот весник „Гардијан“ изјави дека е отворен за дијалог во врска со изнаоѓање решение и ставање крај на се стави крај на 24 годишниот спор со името со Грција.
Освен со Коѕиас, Попоски ќе се сретне и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулус.
OhridNews
Извор:„Макфакс“