Македонскиот интернационалец во дресот на ВБА, Горан Попов поради повреда е неизвесен натпреварот на сезоната против Манчестер Јунајтед на “Олд Трафорд“.


Попов повредата на задната ложа ја заработи на дуелот со КПР во средата додека дуелот со “црвените ѓаволи“ се игра в сабота.

По деветнаесет одиграни натпревари во Премиер лигата избраниците на Стив Кларк котираат високо на шестата позиција со 33 бодови исто колку петтопласираниот Евертон и четвртопласираниот Тотенхем.

Мх.П.