Вест Бромвич Албион освои еден бод на гостување на „Стемфорд Бриџ“ ремизирајќи со Челси 2-2. Судијата со знакот на ФИФА, Андреј Маринер со поклон пенал во судиското продолжение му ја скрати радоста на Горан Попов и ВБА. Македонецот во игра влезе во финишот на мечот и беше сведок на неправдата која му беше нанесана не неговиот тим.

Резултати : Челси – ВБА 2-2, Ливерпул – Фулам 4-0, Саутемтон – Хул 4-1, Астон Вила – Кардиф 2-0, Кристал Палас – Евертон 0-0, Норвич – Вест Хем.

Мх.П.