Македонскиот интернационалец во редовите на ВБА, Горан Попов ќе ја има таа чест да настапи или присуствува на последниот натпревар на Сер Алекс Фергусон како менаџер на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

По 26 сезони минати на “Олд Трафорд“ шкотскиот стратег одлучи да се повлече по завршувањето на оваа етапа, а него ќе го наследи довчерашниот менаџер на Евертон, Дејвид Мојс.

– Ќе биде чест да се присуствува на овој емоционален натпревар за тимот на Манчестер Јунајтед и за целата фудбалска јавност. За нас тоа ќе биде обичен натпревар додека за навивачите на Јунајтед меч, кој ќе го паметат цел живот –
рече неодамна Попов, кој поради повреда ја пропушти првата средба на “Олд Трафорд“.

Билетите за дуелот меѓу ВБА и новиот првак во Премиер лигата беа продадени експресно, а цената за една влезница достигнуваше цена од 3000 фунти.

Мх.П.