Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак вечерва ја изврши првата прозивка за пријателскиот дуел со селекцијата на Албанија што ќе се одигра во Прилеп на 15. Ноември.

Поради сериозноста на повредата по извршениот преглед од д-р Камиловски , Горан Попов е ослободен од обврските и ќе се врати во Киев каде ќе продолжи со санирањето на повредата.
Што се однесува до Иван Тричковски , по направеното испитување заклучено е да остане со репрезентацијата до сабота кога д-р Камиловски ќе одлучи за сериозноста на повредата и дали напаѓачот на АПОЕЛ ќе може да настапи против Албанија.
Останатите репрезентативци кои пристигнаа во Скопје како и оние кои ќе допатуваат утре во Охрид како Пандев, Пачовски, Шумуликоски и Новевски според информациите од стручниот штаб се здрави и ќе му се стават на располагање на селекторот Тошак.
Утре наутро експедицијата заминува за Охрид каде ќе се подготвува на „Билјанини извори”.
Ohridnews