Македонската репрезентација ги заврши подготвките во Охрид и ескпедицијата денеска заминува за Даблин. Македонија в сабота му гостува на Репубилка Ирска во квалификациите за Европското првентсво во Полска и Украина во 2012 година.

Македонскиот интернационалец во дресот на Динамо Киев, Горан Попов имаше година од соништата. Попов на почеток од сезоната направи трансфер во Динамо Киев а во тековната  стана незаменлива алка по левата бековска позиција а и остана во игра за два трофеи во првенството во Украина и во Лигата на Европа.

Среќата ме прати во Динамо Киев играм во добра форма, нема повреди се е во ред со мене. Во шампионатот во Украина,  Шахјтор ни избега многу бодови, шансите да се радуваме на титулата се многу мали. Во Лигата на Европа чекориме цврсто, се пласиравме во 1/4 финалето елиминирајќи го Манчестер Сити, нареден противник ние португалската Брага. Тие се добра екипа солиден противник и мислам дека имаме изгледни шанси да се пласираме во 1/2 финалето – вели дефанзивецот на Динамо, Горан Попов.


Во екипата на Динамо Киев, Горан Попов има можност да игра со еден врвните напаѓачи во своето време Андриј Шевченко.

Па покрај себе го имам Шевченко кој е искусен фудбалер но неможе да игра како порано. Во дуелот со Манчестер Сити играше на завидно ниво, на домашен терен ги реши  “граѓаните“  додека на гостувањето  во Манчестер неможе да направи се сам бидејќи беше осамен во шпицот откако се повреди Милевски. Добро е чуството кога се игра со таков голем фудбалер како Андриј Шевченко – вели Попов.


На реванш натпреварот во Лигата на Европа со Манчестер Сити, македонецот во дресот на Динамо Киев беше во центар на вниманието откако “палавиот“ Марио Балотели по една изгубена топка го удри намерно на Попов, главниот арбитар на натпревар го испрати “Супер Марио“ предвреме во соблекувалните.

После стартот Балотели ми се извини, стартот не беш толку опасен колку  што игледаше на прв поглед. Помошникот судија кој беше зад мене мислеше дека ме удри в гради но тој ме удри во десниот мускул на ногата. Последици после стартот имаше но ги средивме на полувремето и на моја среќа нема никакви проблеми и можам да играм за Македонската репрезентација – изјави за “Ohridnews“ Горан Попов.

Михаил Постоловски