Динамо, во чии редови Попов го одигра целиот натпревар, како гостин во Ротердам го победи Феенорд со 1:0 со голот на Браун во 96-та минута од натпреварот. Динамо со вкупни 3:1 мина во четвртото квалификационо коло.
БАТЕ Борисов кој во Унгарија кај Дебрецин отпатува со резултат 1:1, забележа победа од 0:2. Белорусите работат си ја завршија по еден час игра кога со головите на Мозолевски во 25-та и Володко во 59-та минута ги постигнаа двата гола.
Во среда ќе се одиграат останатите реванш натпревари од третото коло, реваншите треба да се само формалност за Марибор, Андерлехт, Хапоел, Хелсингборг и Панатинаикос:
Дуделанж-Марибор (прв натпревар 1:4)
Нефчи-Хапоел Шмона (0:4)
Хелсингборг-Сласк (3:0)
Екранас-Андерлехт (0:5)
Хелсинки-Селтик (1:2)
Либерец-Клуж (0:1)
Базел-Молде (1:0)
Васлуи-Фенербахче (1:1)
Бриж-Копенхаген (0:0)
Динамо Загреб-Шериф (1:0)
Панатинаикос-Мадервел (2:0)
Партизан-АЕЛ (0:1).