Македонскиот репрезентативец Горан Попов, кој синоќа се појави во второто полувреме на средбата од УЕФА купот на неговиот тим Динамо Киев против Шериф денеска го исвести селекторот Мирсад Јонуз дека повторно ја обновил повредата поради која отсуствуваше во украинското првенство и од тие причини нема да може да настапи на следните квалификациски дуели со Андора и Русија.

Повредата на Попов не би требало да му создава дополнителни главоболки на селекторот бидејќи на таа лева позиција го има играчот на белградски Партизан, Александар Лазевски.

Поголем проблем сигурно преставува повредата на Горан Пандев поради која го пропушти мечот со Вердер. Интер викендов го очекува дербито со Јувентус и прашање колку струмичанецот ќе може да одговори на барањата на Бенитез, а притоа да остане фит за настапите на македонската селекција.

OhridNews