
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на второто тримесечје од 2014 година е зголемена во однос на претходното тримесечје.
Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се намалат, а бројот на вработените ќе се зголеми во однос на првото тримесечје од 2014 година.
Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во второто тримесечје од 2014 година се на исто ниво како и во однос на претходното тримесечје.
Најголемо влијание на ограчувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2014 година имале слабата побарувачка на купувачите со 35,1%, зголемената конкуренција со 16,4%, зголемената понуда на пазарот со 15,0% и зголемените финансиски трошоци (камати) со 10,3 %.
OhridNews












