Нови висококатници ќе никнат на охридското крајбрежје кои беа опфатени со урбанистичките планови што Советот на општина Охрид деновиве ги усвои во бурна расправа проследена со бројни партиски реакции и сериозни меѓусебни обвинувања на политичките неистомисленици. Локалната опозиција обвини дека Советот на општината е заложник на бизнис интереси кои се спроведуваат преку политиката, за што најголема одговорност имаат градските власти.
Претседателот на Советот смета дека во донесувањето на урбанистичките планови нема политички пазарења, ниту манипулации, а советниците работат согласно законот. Силните ракции во јавноста, според него, се нормална појава кога се расправа за теми од областа на урбанизмот.
–Секаде каде има урбанизација има различни интереси. Има интрес на граѓани кои сакаат да градат, а има граѓани на кои им смета градењето и се создава конфузна атмосфера околу тие урбанистички точки, вели првиот советник, Душко Јаковчески.
Загриженост за состојбите во урбанизмот во Охрид изразува и ДОМ која се претставува како зелена партија. Оттаму предупредуваат дека на Охрид му се случува урбана окупација на крајбрежјето и дека е погрешен концептот развојот на градот да се темели на комуналиите од изградба на објекти.
–Локалните самоуправи не само во Охрид мора да сфатат дека нивното постоење не е за да градат, тие не се градежни фирми за да заработуваат од комуналиите. Градењето треба да биде во функција на економскиот развој, а во случајот на Охрид градењето е контра економскиот развој кој треба да се телеми на туризмот и производство на здрава храна, истакна Лилјана Поповска, претседател на ДОМ.
Поповска смета дека државата најитно требна да донесе Закон за Охрид со кој под заштита ќе ја стави целата територија на општината и крајбрежјето, а не само старото јадро на градот.
Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 14:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Сирма Војвода“, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочуваат дека екипи на претп...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, пс...
Растот на трговијата и туризмот создава нови можности за поблиска економска соработка меѓу Србија и Македонија во пресрет на EXPO 2027 Белград Овие можности беа во фокусот на настанот „Visit Serbia...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.