Оштетената клупа која е поставена на почетокот од пешачката патека од „Горна Порта” до населбата „Кошишта“, за која пишуваше OhridNews, од неодамна е ставена во функција. Сега граѓаните и туристите кои секојдневно минуваат по оваа патека ќе имаат каде да се одморат.

Освен оваа клупа, надлежните ја поправиле и клупата која е поставена на улицата во парк шумата кон „Горна Порта“.

Инаку клупите за седење, многу пати до сега биле мета на несовесни граѓани кои ги кршат и оштетуваат.

OhridNews