Статичните велосипеди во Холандскиот парк во месноста Мазија кои беа речиси целосно оштетени од несовесни граѓани, деновиве се поправени и подготвени за повторно користење. Поставени им се нови педали, санирани се и други механички проблеми, а велосипедите добија и нова боја.
Уништените статични велосипеди…
…поправени и бојадисани
Статичните велосипеди кои се донација на Кралството Холандија, беа речиси целосно уништени само неколку месеци по поставувањето минатата година. Средувањето на Холандскиот парк се случува само неколку дена пред одбележувањето на денот на холандската кралица.
Колку ќе издржат сега?