Поради интервенција на водоводна линија, денес, 15- ти јули, до 13 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од улиците „Партизанска“ и „Кеј Маршал Тито“, на потегот од Факултетот за туризам и угостителство до Спортскиот рекреативен Центар „ Билјанини извори“.

Екипите на МЈП Проаква Р.Е. Водовод – Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

OhridNews