Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека денес, вторник, има прекин во водоснабдувањето на улиците „ Радојца Новичиќ“, „ 28-ми Април“, „ Кленоец“, „ улица 130“, селата Лескоец и Лакочереј.
Прекинот во водоснабдувањето е поради настанат дефект на главна водоводна линија и ќе трае до отстранување на дефектот, односно околу 17 часот.
Поради дефект на водоводна линија , во од 8.30 до 13 часот ќе има прекин во водоснабдувањето и во населбата Елешец.
Екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектите.
OhridNews