Поради дефект на водоводната мрежа кој се случил утрово, жителите на Елешец и Пештани се без вода за пиење. Екипи на „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Како што информираат од јавното претпријатие, работите ќе продолжат и во текот на ноќта, а се очекува дефектот да биде саниран до утре (понеделник) до 17 часот.

ОhridNews