Во текот на денот, во дел од станбените згради на бул. Туристичка има прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Како што информираат од ЕВН- Македонија, станува збор за поголем дефект врз струјната мрежа на чие отстранување нивни екипи работаат веќе неколку часови. Се очекува наскоро дефектот во целост да биде саниран и напојувањето со електрична енергија да се одвива без проблеми.

Од ЕВН советуваат додека има прекин во снабдувањето со електрична енергија електричните апарати да се исклучени.

OhridNews