Поради настанат дефект на водоводната линија во населбата Воска, денес, од 13:00 часот, има прекин во водоснабдување на поголем дел од улиците во стариот дел на градот и во населбата Воска, информираат од МЈП Проаква Водовод Охрид.

Прекинот е од улицата „Гоце Делчев“, на потегот од улицата „Македонски Просветители“ до улицата „Бистрица“ и ги опфаќа следните улици: Вардар, Андон Дуков, Кирил и Методи, Пере Тошев, Крум Точко, Махмуд Рифат, Аџи Мустафа.

Екипите на МЈП Проаква се на терен и ќе работат до целосно отстранување на дефектот.

OhridNews