Поради настанат дефект на водоводната мрежа на дел од улицата „АСНОМ“, денес, има прекин во водоснабдување на следните улици: „ АСНОМ“ (на делот од ул.„Туристичка“ до езеро), „Јане Сандански“ (на делот од улицата „Партизанска“ до езеро), „Кеј Македонија“, „Славеј Планина“ и „Спас Банџов“, информираат од МЈП Проаква Водовод Охрид.

Поради друг дефект настанат на улицата „Дејан Војвода“, ќе има прекин во водоснабдување и на улиците „Дејан Војвода“ и дел од „Абас Емин“.

Екипите на МЈП Проаква се на терен и ќе работат се до отстранување на дефектите.

OhridNews