Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека поради интервенција на настанат дефект на водоводна линија, денес,среда, до 12 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на улицата „Галичица“, дел од улицата „Никола Карев“ и дел од зградите на Бул.„Туристичка“.

Како што претхпдно информираа од претпријатието, поради интервенција на водоводната линија денес, од 8 до 11 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на потегот од населбата Елешец до Пештани.