Јавното претпријатие за комунална дејност „ДЕБРЦА”– Белчишта информира дека нивните екипи се на терен и работаат на отстранување на дефект на главниот цевковод од регионалната водоводна мрежа со пумпна станица во „Св. Еразмо”, кој се користи за снабдување со вода за пиење во селата Оровник, Горенци и Подмоље.

Поради сложеноста на зафатот, се очекува дефектот да биде отстранет во доцните вечерни часови, кога се очекува и да се регулира водоснабдувањето.