Поради настанат дефект на водоводната мрежа на улицата „Дејан Војвода“ денес од 08:00 до 14:00 ќе има прекин во водоснабдување на улиците „Дејан Војвода“ и дел од улицата „Абас Емин“.

Исто така поради дефект на улицата „Железничка“, прекин во водоснабдување од 08:00 до 17:00 часот ќе има на улиците: „Железничка“, „Прилепска“, „Будва“ и „Винковачка“.

Екипите на МЈП Проаква се на терен и ќе работат до целосно отстранување на дефектите, информираат од јавното претпријатие.

OhridNews