Вечерашниот концерт на  легендарната група „Леб и сол“  и младите музичари на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, кој требаше да се одржи во Предворјето на Света Софија , поради временскиоте неприлики,  ќе биде во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот. 

НУ„ Охридско лето“ со цел непречено реализирање на програмата, а со оглед на најавите за врнежи од дожд, го промени местото на одржување на концертот кој е еден од настаните кои предизвикуваат најголем интерес кај публиката.

OhridNews