– Исклучувањето, што е во тек , се врши во соработка со охридската подружница на ЕВН. Екипите прво ги утврдуваат техничките услови на електро- мрежата, а потоа, по однапред изготвен план , исклучуваат дел од уличното осветлување и светлечките реклами, информираат од локалната самоуправа.
Согласно одлуката која ја донесе владата, од вчера на пладне па се до 29- ти феврари во Македонија е прогласена кризна електроенергетска состојба.
Меѓу неколкуте дадени препораки од владата во насока на заштеда на електричната енергија, се да се исклучат светлосните реклами во јавните и приватни претпријатија, осветлувањето на улиците, плоштадите, излозите, спомениците и другите објекти и осветлувањето да се користи во минимален обем.
Во оваа фаза нема да има рестрикции за домаќинствата и граѓаните, но до нив се апелира за рационално користење на електричната енергија.
Поради преголемата потрошувачка на електрична енергија, слични одлуки деновиве донесоја и владите на останатите земји во регионов, меѓу кои Србија, Бугарија, Романија и Албанија.