Поради големиот интерес кај охриѓани тридневниот Саем на книгата организиран од библиотеката „Григор Прличев“ се продолжува уште еден ден.

Љубителите на пишаниот збор, како што информира директорот на Библиотеката Милчо Јованоски, ќе имаат можност и утре да одберат некоја од книгите од проектите на Министерството за култура и Владата „130 тома Македонска книжевност“, „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ и „Ѕвезди на светската книжевност“, како и изданија на Охридската библиотеката.

Интересот кај охридската читателска публика за посета на Саемот е голем, поради тоа го продолжуваме уште еден ден, од претходно предвидените три. Тоа покажува дека пандемијата кај охриѓани го зголеми интересот за комунукација со книгата, како и за збогатување на домашните библиотеки кај читателите, заклучи Јованоски.

На поканата на Библиотеката, според него, се одзвале и дел од средните училишта во градот, со цел да го збогатат книжниот фонд во своите училишни библиотеки.

Саемот и утре ќе биде отворен од 10 до 18 часот.

OhridNews