Поради изведување на градежни активности- санирање на  оштетувањето врз главниот атмосферски собирен канал,  Од ЈП „Нискоградба“ информираат дека собраќајот на раскрсницата бул. Туристичка и „Јане Сандански“, од правец „Билјанини Извори“ кон улицата „Јане Сандански“ во наредните  неколку дена ќе се одвива отежнато.

Градежните активности започнаа вчера утрото.

Како што беше кажано од страна на надлежните, оштетувањето на коловозот е поради пропусти направени при изведувањето на градежните работи и поставувањето на дождовната канализација пред десет години.

OhridNews