До нарушувањето на јавниот ред и мир дошло за време на фудбалскиот натпревар од Третата лига југозапад помеѓу домаќинот Сатеска Волино и Црно Буки (1:0). Инцидентот се случил на трибините при обид за приведување на лице од публиката. Набрзо пристигнало полициско засилување, а при нарушувањето на јавниот ред и мир приведени биле дел од играчите на ФК Сатеска.

Незадоволни граѓани потоа се упатиле кон СВР Охрид поради што превентивно е подигната безбедноста и блокирани се пристапите до полициската станица.

Во официјалниот записник од натпреварот нема ништо за инцидентот и нема да се води никаква постапка против домаќинот Сатеска.

Од СВР Охрид велат дека се работи за стандардна процедура во вакви ситуации.

OhridNews