Маглата предизвика проблеми во одвивањето на воздушниот сообраќај од и кон скопскиот аеродром „Александар Велики“ .

Откако летовите кон Виена, Загреб и Белград беа реализирани во раните утрински часови согласно распоредот, следува серија на откажувања или одложувања на летови.

Откажани се летовите за Бергамо, Истанбул и Виена, а одложени се летовите за Меминген и Љубљана и еден лет за Истанбул. Дел од летовите кон Скопје се пренасочуваат кон приштинскиот аеродром, како што е случајот со оние од Истанбул и Виена.

На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ слетување и полетување, од и кон Цирих се одвива непречено.

OhridNews