Поради магла, на скопскиот аеродром Александар Велики авиосообраќајот се одвива отежнато. Утрово со задоцнување полетале авиони кон Дортмунд и Загреб, а летовите за Истанбул се откажани.

Маглата го отежнува и сообраќајот низ земјава.Како што информираат од Авто- мото сојузот на Македонија , видливоста на патните правци Тетово – Скопје, Велес – Штип, Неготино – Градско, Кула – Катланово, Катланово – Велес е намалена до 50 метри.

На одредени патни правци поради ниските температури можна е појава на голомразица поради што се препорачува внимателно возење.