Поради густа магла попладнево откажани се повеќе летови од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Откажани се слетувањата од Истанбул, Белград и Цирих, како и полетувањата кон Загреб, Барселона, Истанбул, Цирих, Виена, Љубљана и Белград.
Дел од летовите се пренасочени кон аеродромите во Охрид и Приштина, а дел се вратени на почетната дестинација.
OhridNews