Поради магла денес на охридскиот аеродром не се реализираа планираните летови. Поаѓањето на авионот за Дортмунд предвидено во 11.50 часот беше откажано, а авионот што требаше од Дортмунд да пристигне на охридскиот аеродром беше пренасочен на скопскиот аеродром.

Засега нема промени во однос на утрешните летови од аеродромот „Св.Апостол Павле“ до Малме и Базел. Нивната реализација ќе зависи од моменталните временски услови околу предвидените термини, односно во доцните попладневни часови. Доколку има промени во врска со летовите, патниците навреме ќе бидат информирани преку интернет страната на охридскиот аеродром, велат од ТАВ Македонија.

OhridNews