Од Авто- мото сојузот на Македонија утрово информираат дека поради појава на магла, намалена е видливоста на патните правци:  Дебар – Струга, Битола и Охрид до 50 метри, Штип – Неготино од 10 до 20 метри, Тетово – Јажинце до 30 метри Куманово – Крива Паланка и Прилеп од 50 до 100 метри, Куманово – Свети Николе од 70 до 100 метри, Кочани – Виница – Берово од 80 до 100 метри, Дебар – Маврово, Тетово – Скопје, Тетово – Гостивар и Тетово – Попова Шапка до 100 метри и Македонски Брод до 150 метри.

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

OhridNews