Вчера, околу 12,30 часот, во Струга на влез во ДСУ „Нико Нестор“, В.Е.(16), Б.М. и Е.А., сите од струшкото село Делогожда, физички го нападнале ученикот М.П.(16) од село Добовјани.

Како што информираат од СВР- Охрид, причина за тепачката помеѓу четворицата соученици од албанска националност, била меѓусебна нетрпеливост.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Тепачка помеѓу средношколци, вчера се случила и во Скопје, каде во дворот на СГУС „Арсение Јовков“, двајца ученици без повод и причина физички нападнале друг ученик, удирајќи го со тупаници по телото, при што му нанеле видливи повреди.

OhridNews