
– Мерките првенствено се насочени кон превентивно физичко обезбедување на сообраќајниците, паркинг просторите, како и централното градско подрачје каде ќе се одржи митингот, потенцира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
СВР Охрид ги интензивира мерките за сообраќајно превентивно обезбедување кои се одвиваат со предупредувања на сите неправилно паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка“, но и во центарот на градот. Полициските службеници ќе ги спроведуваат законските овластувања како дел од севкупните безбедносни мерки на СВР Охрид.
– Заради потребата од безбедност и сигурност во сообраќајот, до граѓаните на Охрид апелираме на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други моторни возила, велат од СВР Охрид.
OhridNews











